Додик: Британски војници се пратени во БиХ за да ме ликвидираат на мафијашки начин

48
EPA-EFE/FEHIM DEMIR

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, вели дека „тројца претседатели на европски држави и еден премиер му кажале дека во Босна и Херцеговина била префрлена британска единица со единствена цел да го ликвидира“.

Додик наведува дека 40 војници „дошле во Босна и Херцеговина со посебна наредба“.

-Тројца претседатели на европски држави и еден премиер ми кажаа дека во БиХ била префрлена британска единица од четириесетина војници со наредба не да ме уапси, туку да ме „ѕвекнат со приказната дека сум пружал отпор“. Очигледно на мафијашки начин. Човекот е проблем. Ако нема човек нема ни проблем. Не се повлекоа, ама молчат, изјави Додик за „Вечерње Новости“. Меѓу другото наведе и дека не се чувствува изолиран и дека нормално се движи.

Тој додаде дека „странците од Брисел му предлагале да се тргне“.

-Тој филм нема да го гледаат. Нема да се тргнам ни под услов НАТО да дојде да ме апси, рече Додик.

ИЗДВОЕНИ