Доделени сетови за експериментирање по хемија

8

Креативниот центар Карпош додели сетови за експериментирање по хемија, за учениците од осмо и деветто одделение, во училиштата на територијата на општина Карпош.

-Оваа практика, која секоја година се применува, е од особено значење пред сè за учениците и наставниците, кои преку експериментални примери се изучуваат хемиските состави и нивните намени. Преку овие сетовите значително се подобрува искуственото учење по наставниот предмет и нивните лабораториски вештини – соопштија од Општина Карпош.

Експерименталните сетови се финансирани од Програмата за финансиска поддршка на проекти од образованието, односно од Програмата за активности во дејноста на образованието за 2024 година.