Доделени признанијата за најубаво новогодишно украсени дворови и институции

86

Општина Гази Баба ги додели признанијата за најубаво новогодишно украсени дворови и институции.

По објавениот јавен повик и посетата на домаќинствата, Комисијата од Општина Гази Баба за најубаво украсен го прогласи дворот на семејството Јовановиќ, вторто место му припадна на дворот на семејството Петровски, на трето место е дворот на семејството Костовски, а на четвртотот место е дворот на семејството Стефковски.

Од институциите наградите за најубаво новогодишно украсени ги добија: ООУ „Крум Тошев“ и ЈУДГ „Детска радост“.

-Наградите и признанијата ги доделуваме со цел да ги мотивираме и останатите граѓани следната година да се натпреваруваат – велат од Општина Гази Баба.

 

ИЗДВОЕНИ