Во организација на Одделението за детска, социјална и здравствена заштита при Општина Карпош, годинава традиционално по 32-ри пат беа доделени околу 140 хуманитарни пакети за семејствата кои влегуваатво социјален ризик. Голем придонес кон оваа хумана акција дадоа децата од градинките и училиштата, граѓаните и администрацијата од Општина Карпош, кои донираа прехранбени и хигиенски производи за своите сограѓани. Во оваа пригода, градоначалникот Стевчо Јакимовски ги подели хуманитарните пакети кои се наоѓаат во потешка материјална состојба.
-Оваа хуманитарна акција ја спроведуваме традиционално, по повод одбележување на 48 годишнината од основањето на нашата локална самоуправа, а истата ја реализираме и за Божиќните и Велигденските празници. Покрај тоа што даваме еднократна парична помош на социјално загрозените семејства, се трудиме колку толку овие денови полесно да ги поминат, иако тоа е целосна обврска на државата. Меѓутоа и во овој случај локалната самоуправа секогаш се труди да помогне во рамките на своите можности – додаде Јакимовски.
Хуманитарните пакети беа поделени во урбаните заедници Карпош 2 и Влае 1, а дел од пакетите ќе бидат однесени во домовите на лицата кои поради попреченост, не беа во можност сами да ги подигнат.