Доделени наградите „Златен глобус“ – меѓу победниците доминираа филмовите „Емилија Перез“ и „Бруталист“

100
Фото: EPA-EFE/CAROLINE BREHMAN

Филмот „Емилија Перез“ во режија на Жак Аудиар доминираше на 82. награди „Златен глобус“, освојувајќи четири трофеи, меѓу кои и за најдобра комедија.

Вечерта на доделувањето на американските филмски и телевизиски награди во Холивуд го одбележа и крунисувањето на „Бруталист“, портрет на архитект кој го преживеа холокаустот и се обидува повторно да го изгради својот живот во САД. Филмот освои три „Златни глобуси“.

Филмот „Емилија Перез“, награден во Кан и емитуван на Нетфликс, беше фаворит со десет номинации.

Покрај главната награда, музичката одисеја за родовата транзиција на мексиканскиот шверцер на дрога доби награда и за најдобар меѓународен филм, најдобра споредна женска улога за Зои Салдана и најдобра песна за француските уметници Камил и Клеман Дикол, кои ја компонираа партитурата.

Одиар, чија филмографија им дава достоинствено место на маргиналните ликови, наградите им ги посвети на „сите оние кои се чувствуваат загрижени денес“.

Францускиот режисер ги повика да ги „кренат главите, да продолжат да се борат и да се надеваат на подобри денови“.

„Можеби можете да не ставите во затвор, можете да не победите, но никогаш не можете да ни ја одземете душата, нашиот отпор, нашиот идентитет“, рече Карла Софија Гаскоњ, трансродовата актерка која ја игра хероината на филмот.

Уште еден голем победник на вечерта, „Бруталистот“ освои многу престижна наградна тројка – награда за најдобар драмски филм, најдобра режија за Брејди Корбет и за најдобар актер, која му припадна на Адриен Броди.

„Бруталистот“, кој трае три и пол часа, е оценет како ремек дело, а критичарите веќе го издигнаа на ранг на големи класици како „Кум“. Со освоените Златни глобуси го зајакнува својот статус на претстојните Оскари.

Реализацијата на „Конклава“ за интрагамите во Ватикан ја доби наградата за најдобро сценарио.

„Златните глобуси“ во своите награди ги издвојуваат комедиите и драмите.

Тие се реформираа во последниве години, по огромниот скандал откриен во 2021 година околу корупцијата и расизмот меѓу нивните членови. Нивното жири значително се прошири, со повеќе од 200 нови членови од целиот свет. А тоа се покажа и во останатите освоени награди.

Бразилската актерка Фернанда Торес го доби „Златниот глобус“ за најдобра актерка, а во таа категорија беа номинирани Анџелина Џоли за улогата на оперската дива Марија Калас, Никол Кидман за улогата во филмот „Бејбигерл“, Кејт Винслет и Памела Андерсон за филмот  „Последната шоугерла“.

Наградите „Златен глобус“ ја отвораат сезоната на филмски награди во Холивуд.

„Златните глобуси“, американска филмска награда што ја доделува Холивудската асоцијација за странски печат (HFPA) од 1944 година, често е показател за тоа кои филмови ќе го добијат престижниот „Оскар“. Овогодинешното 97. доделување на Оскарите ќе се одржи на 3 март.

ИЗДВОЕНИ