Доделени 4 милиони денари на спортските клубови

85

Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски денеска им додели финансиска омош на спортските клубови од општина Бутел, во износ од 4 милиони денари. Тој изрази надеж дека оваа финансиска помош ќе помогне на клубовите и ќе поттикне нови државни, балкански, европски и олимписки шампиони.

-Спортот е клучен фактор за развивање на поквалитетно и поздраво општество, додека пак врвните спортски резултати како ништо друго помагаат во градење на нацијата и државата. Општина Бутел е најспортска општина во Македонија согласно постигнатите спортки успеси, а веќе е лидер во спортската инфраструктура. Градоначалникот и општината се цврст партнер на сите спортисти и спортски клубови на нејзината територијата – соопштија од локалната самоуправа.