Доделена на Нобеловата награда за медицина: Наградено откритие од фундаментално значење

59
EPA-EFE/Christine Olsson

Американските научници Виктор Амброс и Гари Рувкун се добитници овогодишната Нобелова награда за медицина, за откритието „mikro RNK“, односно фундаментален принцип врз база на кој се регулира активноста на гените, соопшти денес Нобеловото собрание на Институтот Каролинска во Стокхолм.

Нобеловото собрание потенцираше дека нивното откритие „се покажува како суштински важно за откривање на начинот на кој организмите се развиваат и функционира“, пренесува „AFP“.

Амброс за своето истражување веќе доби награда од универзитетот Харвард, а моментално тој е професор по природни науки на медицинскиот факултет при универзитетот во Масачусетс.

Рувкун своите истражувања ги спровел во општата болница во Масачусетс и на Харвардскиот медицински факултет, каде работи како професор по генетика.

Инаку на добитниците на Нобеловата награда ќе им биде врачена парична награда од 11 милиони шведски круни, односно околу милион долари, пренесува „Ројтерс“.

Победниците во областа на медицината ги одбира Нобеловото собрание на медицинскиот универзитет – Институтот Каролинска во Шведска. Како и секоја година, имињата на добитниците на награда од областа на медицината и физиологијата се објавуваат први, а во текот на следните денови ќе бидат познати и имињата на добитниците од областа на физиката, хемијата, книжевноста, мирот и економијата.

Нобеловата награда за физиологија и медицина секоја година им се доделува на научниците кои работат на различни полиња од областа на медицината и физиологијата.

Станува збор за една од петте Нобелови награди кои беа основани во 1895 година, според тестаментот на Алфред Нобел, а ги доделува Институтот Каролинска за особени придонеси во областа на медицината и физиологијата.