Земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска во 13 часот и 17 минути, на подрачјето на Додеканезите во Грција.
Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот бил лоциран во областа со географски координати на географска ширина 36,4469 и географска должина 25,6482.
Хипоцентарот на земјотресот, според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 14 километри под површината на земјата.
Засега нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат состојбата.
Земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала е регистриран во утрово во 10.29 часот во Грција. Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот бил лоциран во близина на Додеканезите.
Жителите на Санторини се во состоба на готовност откако тлото во Грција се тресе веќе 10 дена, а се известува дека досега се забележани најмалку 550 земјотреси.
ТЛОТО НЕ МИРУВА, А ПАНИКАТА СЕ ШИРИ: Застрашувачи одрони на Санторини/ВИДЕО