Додека вештачката интелегенција во светот прави бум, кај нас две години не можат да се постават лежечки полицајци

56

Поминаа две година, Општина Центар и Град Скопје сеуште не поставија лежечи полицајци или други направи за забавување на сообраќајот пред Државното училиште за рехабилитација и образование „Свети Наум Охридски“ во Капиштец.

Од „Шанса за Центар“ велат дека заедно со  „Зелен хуман град“ тоа го побарале пред речиси две години за да се овозможи побезбеден пристап до училиштето на учениците.

-Пред неколку години тоа беше направено за учениците од ОУ „Киро Глигоров“, на само 50 метри подолу по улицата. Иако уште пред две години добивме одговор дека ќе се постави сигнализација и опрема за забавување на сообраќајот пред пешачкиот премин, состојбата не е променета- реагираат од „Шанса за Центар“.

Од Општина Центар кусо одговорија дека улицата „Васил Ѓоргов“  пред Државното училиште за рехабилитација и образование „Свети Наум Охридски“ во Капиштец е во надлежност на Град Скопје.

Од Град Скопје пак велат дека Секторот за сообраќај штом го добил барањето да изработи сообраќаен проект со воведување на мерки за смирување на сообраќајот на споменатата улица го доставувал до Министерството за внатрешни работи неколку пати и сеуште нема добиена согласност од него за да може да се имплементира.

И додека кај нас за период од две години како што велат од „Шанса за Центар“, Град Скопје и Општина Центар не успеаја да постават лежечки полицајци, вештачката интелегенција во светот доживува бум.

-Се откри вода длабоко под површината на Марс. Роботски автомобили без возачи превезуваат патници во многу метрополи. Брзите возови во Кина достигнаа брзина од 460 километри на час. Австралијците копаат по 90 метри тунел неделно под Сиднејскиот залив за изградба на нова подморска метро линија. Сето ова се случуваше во 2023 и 20214 година – потенцираат од „Шанса за Центар“.

ИЗДВОЕНИ