Доцнења на парискиот аеродром поради снежното невреме – откажани десет отсто од летовите

39

Снежното невреме што ја погоди Франција денеска предизвика одложувања на аеродромот Париз-Шарл де Гол, каде властите побараа од компаниите да откажат 10 отсто од своите летови, соопштија извори блиски до аеродромската служба.

Поради снегот што паѓа поинтензивно од очекуваното, мобилизирани се екипи на аеродромот за чистење на снегот од пистата и од авионите, што ги забавува летовите, соопштија извори задолжени за одржување на аеродромот и следење на летовите.

Генералниот директорат за цивилно воздухопловство побара од авиокомпаниите да откажат 10 отсто од летовите поради снежни прекини.

Доцнења имаше и на соседниот аеродром во Париз Бурж, кој прима деловни авиони.

Во текот на денот летовите во просек доцнеа повеќе од еден час.

Не беа пријавени доцнења на Орли, друг аеродром во Париз.