Доброто расположение кај инвеститорите сé уште е присутно: Биткоинот продолжува да расте

27

Вредноста на криптовалутата биткоин синоќа порасна на 86.660 долари, според сајтот за следење криптовалути во реално време CoinDesk.

Крипто-пазарите позитивно реагираа на победата на Доналд Трамп на претседателските избори во Соединетите Американски Држави, а бранот на многу добро расположение кај инвеститорите се уште е присутен, јавува CNN (CNBC).

Инвеститорите веруваат дека новиот американски претседател, кој се декларира како поддржувач на криптовалутите, ќе овозможи овој пазар да процвета.

Вредноста на биткоинот е повеќе од двојно зголемена од овогодинешното ниско ниво од 38.505 долари, пренесува Ројтерс.

 

 

ИЗДВОЕНИ