„Добро срце, добра душа“: Tрамп се огласи по лекарскиот преглед

248

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека неговиот физички преглед поминал добро, дека имал когнитивни и срцеви тестови и оти смета дека извештајот за тоа ќе биде објавен во недела, а коментирал и за пазарот на обврзници, како и за царините.

„Помина, мислам, добро… секој тест што можете да го замислите, јас сум таму долго време, годишниот преглед“, им рече Трамп на новинарите во Air Force One за физичкиот.

Трамп исто така рече дека направил когнитивен тест и ги добил сите точни одговори.

„Се чувствував како да сум во многу добра форма. Добро срце, добра душа, многу добра душа и зедов – сакав да бидам малку поинаков од Бајден. Направив когнитивен тест и не знам што да ви кажам освен што го имав секој точен одговор“, рече Трамп.

Запрашан во петокот дали медицинскиот тим предложил какви било промени во неговите навики, претседателот рече дека тие биле „малку“, но не даде дополнителни детали.

ИЗДВОЕНИ