Сè уште самата управува со својот автомобил. Кога на граница ќе ја видат полицајците и цариниците многу ѝ се радуваат. – Луѓето ме сакаат. Јас им ја пренесувам позитивната енергија која на сите ни е потребна во ова лудо време-невреме
-Пресреќна сум што имам сила да живеам, што сакам сè уште да живеам и што на животот не му наоѓам маани. Никогаш не сум негодувала. На секој од нас животот не му е совршен. Секој има по некоја своја мака. Јас на маките не размислувам, мислите ги насочувам секогаш на онаа сончева страна од животот. Не сакам да се дружам со намуртени или несреќни луѓе, кои се тажни затоа што немаат многу пари или немаат хациенда на Малдиви, некои такви глупости.
Имам одбивноста кон таквите, не се чувствувам удобно, тогаш кожата ми станува тесна. А, јас сум секогаш комотна во сè што ми го дава животот. Моето лице е секогаш насмеано. Мене ми е најубав мојот Дојран тој е мојот “Малдиви“, во кој има и егзотика која лесно се препознава веќе со првите топли априлски денови. Јас речиси никогаш не плачам, вели прилично расположената македонска пејачка Добрила Ивановска-Чабриќ, која пред некој ден свечено го прослави својот 97. роденден. Социјалните мрежи беа преплавени со честитки од нејзината публика, која ја има од Љубљана до Скопје, честитки од семејството и пријателите. Сите искрено и посакаа добро здравје и многу радост во животот. Добрила е според сите неофицијални анализи веројатно e и највозрасна но, активна пејачка на целата Земјина топка. Eдна таква од исто така постарите кои настапуваа беше легендарната Тина Тарнер, но таа за жал, физички замина, иако беше помлада од нашата Добрила.
- роденден е бројка поради која треба сите да и се восхитуваме. Добрила е добро позната и како победничка во еден од музичките тв-серијали за возрасните „Никогаш не е доцна“, кога настапи под знамето на Македонија. Со сигурност тврди дека нема тајни за нејзината долговечност, туку таа секојдневно „плива во морето од љубов на нејзините фанови“! За сето тоа објаснува во својата автобиографија „На патот кон стотата“. Додава дека сега се прави сценарио за монодрама според таа книга, а монодрамата би ја играла и во Македонија, но потоа и во Србија на српски јазик.
Од сите радости од кои и е создаден животот, само една трагедија која и се случи пред неколку години успеа да ја направи да биде многу тажна. Со причина, само тогаш многу се исплакала. Болката по синот кој прерано почина не ѝ помина, само се навикна да живее со спомените на него. – За жал, синот не успеав да го убедам дека животот е убав и дека треба јас да сум му пример за тоа. Тој крена рака врз себеси. Беше болен, но не сакаше да се лекува. Замина прерано. Секогаш велам дека немам право да заминам по него, затоа што мене тој пат за оној свет таму и онака секако ме чека.
Добрила е чудо, магија од човек. Затоа немојте да се изненадувате кога ќе каже: -Би сакала да живеам вечно! Се заколнав дека ќе живеам 130 години. Долговечна сум јас на дедо ми и баба ми. Дедото живееше до стотка, а баба ми до 99!!!
Сè уште самата управува со својот автомобил. Кога на граница ќе ја видат полицајците и цариниците многу и се радуваат. – Луѓето ме сакаат. Јас им ја пренесувам позитивната енергија која на сите ни е потребна во ова лудо време-невреме. Без таков оптимизам кон животот, јас не можам поинаку да функционирам, раскажа Добрила и ја дувна во вид на свеќички на славеничката торта почитуваната бројка 97!!! Дуле Миќиќ /фото:архива-ФБ/