Добил порака од сопругата неколку минути пред трагедијата: Трогателен разговор со сопруг на патничка од авионот од Вашингтон

77

Потресен разговор со сопругот на патничка во авионот кој синоќа се судри со воен хеликоптер над Вашингтон, пренесе американската телевизија WUSA.

Хамад Раза откри дека добил СМС порака од сопругата неколку минути пред нејзиниот лет на Американ ерлајнс да се судри со хеликоптерот „Блек Хок“ во главниот град на САД.

„Само се молам некој да ја извлече од реката во моментов. Тоа е сè за што можам да се молам“, рече тој.

Раза беше прашан кога последен пат разговарал со сопругата.

„Ми испрати порака дека слетуваат за 20 минути“, изјави тој за телевизијата, покажувајќи им ги пораките на својот телефон.

Раза додаде дека сфатил дека нешто не е во ред кога неговите пораки не биле доставени.

„Тогаш сфатив дека нешто се случува“, рече тој, покажувајќи на недоставените пораки на екранот на неговиот телефон.

Трагедијата се случи во средата вечерта по локално време кога хеликоптер со тројца војници се судри во воздух со комерцијален лет со 60 патници и четворица членови на екипажот.

Регионалниот лет 5342, авион Bombardier CRJ700 кој патувал од Вичита, Канзас, се судрил со воен хеликоптер додека се приближувал до пистата 33 на меѓународниот аеродром Вашингтон околу 21 часот.

ИЗДВОЕНИ