Добил лоша оценка и не се вратил дома! Пронајдено исчезнато дете во Белград откако бил активиран системот „Пронајди ме“

38

Единаесетгодишно момче е пронајдено од полицијата откако претходно поради негово исчезнување бил активиран системот „Пронајди ме“, соопшти полицијата.

Момче синоќа после часови  не се вратило дома од училиштето „Бранко Радичевиќ“ во Нов Белград.

Веднаш по пријавувањето на исчезнувањето, полицијата го активирала системот „Пронајди ме“, а граѓаните во текот на целата ноќ добивале пораки на мобилните телефони со известување за исчезнувањето на момчето, пренесе Бета.

Момчето не се вратило дома поради лоша оценка, потврди утрово министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ во гостувањето на телевизиска емисија.

Дачиќ изјави дека по веста дека момчето (11) исчезнало во Белград, бил активиран системот „Пронајди ме“, а со брзата реакција на полицијата момчето било пронајдено живо и здраво.

„Полицијата внимателно работеше на пронаоѓање на момчето од Белград, чие исчезнување го пријавило неговото семејство, откако не се вратило дома од втора смена на училиште – изјави Дачиќ.