Вредноста на биткоинот утрово го надмина рекордното ниво од 97.000 долари и достигна највисоко ниво на сите времиња.
Најпознатата криптовалута во светот оваа година ја зголеми својата вредност повеќе од двојно, објави Ројтерс.
Според CNBC, Биткоин, кој ги надмина рекордите оваа недела, претставува надеж дека новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп ќе воведе златно доба за криптовалутите, што ќе вклучи поповолна регулатива за индустријата и потенцијално воспоставување на национални стратешки резерви или залихи на Биткоин.