До крајот на денешниот ден (среда 26 март), како и утре (четврток 27 март) во Македонија ќе продолжи серијата на влажни воздушни бранови од југозапад, и истите се во склоп со циклонската активност која се наоѓа токму југозападно од нас. Во ваква ситуација кај нас повторно ќе имаме нови повремени врнежи од дожд со променлив интензитет, најави Славчо Попоски.
Пообилни врнежи на повеќе места ќе имаме утре (четврток 27 март) кои локално ќе бидат проследени со грмежи и силен ветер (во форма на невреме), а не се исклучува можноста во текот на поинтензивните Атмосферски процеси да има и појава на град.
И во Скопскиот регион ќе продолжи променливото време со повремени врнежи од дожд, пообилни утре (четврток 27 март) кога во делови од котлината тие би можеле да бидат и поројни, проследени со грмежи и силен ветер (во вид на невреме).
Што се однесува до температурите, тие денес (среда 26 март) ќе се искачуваат во интервалот од 14 до 22 степени, додека утре (четврток 27 март) истите ќе бидат без поголеми промени во однос на оние температури кои ќе ги имаме денес (среда 26 март), вели метеорологот.