В среда се очекува Европската комисија да ја објави директивата со која ЕУ ќе ги зголеми царинските контроли на стоките што преку платформите за е-трговија, стигнуваат до потрошувачите во Евроската унија. Одлуката ќе влијае на Тему, која е во сопственост на кинескиот гигант за е-трговија ПДД Холдингс, како и на ултра-брзата модна компанија Шеин, основана во Кина, но со седиште во Сингапур. Овие трговци нудат екстремно ниски цени за стоките произведени во Кина.
За време на строгите царински контроли ќе се проверуваат производите купени преку Интернет кои претставуваат „сериозни безбедносни ризици и носат ризик од непочитување на законот“. Прецизната листа на производи ќе биде одредена во договор со земјите-членки.
Законот на Европската унија им дава бесцарински статус на пакетите од Кина со помала вредност од 150 евра, а такви биле 91% од вкупниот број 4,6 милијарди пратки, што е двојно повеќе од 2023 година. Облеката која влегува во ЕУ, обично подлежи на увозна давачка од 12% .