Во завршна фаза на изградба се неколку патни правци во државата. Од Министерството за транспорт и врски велат дека реконструкцијата на патот Охрид – Свети Наум во должина од 24,3 километри, е во завршна фаза.
– Инвестиционата вредност за рехабилитација на овој патен правец е 11,6 милиони евра, средства обезбедени од буџет на ЈП за државни патишта. Со рехабилитација на оваа главна туристичка сообраќајна делница, ја подигнуваме безбедноста во сообраќајот и обезбедуваме квалитетна патна врска од Охрид до манастирскиот комплекс Св. Наум. Исто така овој магистрален пат има регионално значење бидејќи претставува патна врска со Република Албанија – велат од Министерството за транспорт и врски.
До сега, со завршен асфалт комлетно е асфалтиран потегот од граничниот премин на Р. Албанија до Пештани во должина од 19 километри.
– Заради зголемување на безбедноста во сообраќајот како и прегледност на патот се изврши растеретување на косини од нестабилен карпест материјал, завршено е со монтажа на заштитна челична мрежа на косините, а исто така на дел на патот поставена е заштитна ограда. Согласно договорниот рок, се очекува патот комплетно да биде завршен до крајот на јуни. односно пред почетокот на летната сезона. Останува да се доасфалтираат уште околу 5 километри од излезот на Пештани до хотелот Метропол, да се постави заштитна ограда како и хоризонтална и вертикална сигнализација. Со реализација на овој проект покрај подобрување на патната мрежа во охридскиот регион го подигнуваме квалитетот на туристичкиот потенцијал и го потикнувме економскиот развој на Охрид – се вели во соопштението.
Министерот за транспорт,м Александар Николоски вели дека до крај на мај или на почеток на јуни ќе се пушти во употреба и патот од Дреново до Плетвар, поточно втората половина од делницата од Градско до Прилеп во должина од 9 километри.
– Исто така, до крај на мај или почеток на јуни ја пуштаме во употреба делницата Дреново-Ракле на експресниот пат Градско-Прилеп – вели Николоски.
Деновиве пак, е отворен за сообраќај патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк „Галичица“. Овој патен правец е отворен за сообраќај за патнички возила и возила со носивост до 3,5 тони.
Овој патен правец е отоврен за сообраќај за патнички возила и возила со носивост до 3,5 тони.
(С.Бл.)