До крајот на месецот нови 60 километри фронт за изградба на автопатишта и работа на три паралелни локации

944

До крајот на месецот, очекуваме нови 60 километри фронт и работа на три паралелни локации, а тоа се Гостивар – Бујојчани, Прилеп – Битола и Тетово – Гостивар. Шеесет километри фронт, решени имотноправни односи, нешто што не можеше претходната Влада во рок од 2-3 години да го помисли, сега, за неколку месеци, е веќе решено, истакна премиерот Христијан Мицкоски.

– Доброто е тоа што ќе се реализираат овие проекти, што граѓаните ќе може да ги користат и да комуницираат на безбеден начин, од еден во друг град. Нормално, тоа е добро и за туристичката сезона во Охрид и во другите туристички центри, бидејќи туристите ќе може на побрз начин да дојдат до туристичките места во државата – рече Мицкоски.

 

ИЗДВОЕНИ