До крајот на годината ќе се реконструираат 70 улици

214

Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски најави дека од понеделник започнува со најголемата градежна офанзива за изградба на нови улици и реконструкција на постоечките.

-До крајот на оваа година или поточно до крајот на мојот мандат ќе се инвестира во патната инфраструктура како никогаш до сега, за што ќе бидат вложени 130 милиони денари. Ќе бидат реконструирани 70 улици во сите населени места, а некои улици за прв пат ќе добијат асфалт. Дел од овие улици се клучни коловози во населените места – информираше Костосовски.

Меѓу улиците што ќе бидат опфатени со оваа градежна инфрастрултура ќе бидат: „Боро Менков“, „30“ ( главната улица во н.м Љуботенски пат ), „Боро Кралевски“, „Бетовенова“, „Симче Настевски“, „Марко Крале“, „Коритница“, „Киро Димушков“, „1559“…

Костовски додаде дека наскоро ќе бидат промовирани и останатите капитални проекти од големо значење за граѓаните на општина Бутел!

ИЗДВОЕНИ