До крајот ги охрабрувала патниците: Последните зборови на стујардесата која загина во авионската несреќа во Казахстан/ВИДЕО

219
Фото: screenshot

Министерството за надворешни работи на Азербејџан на својот официјален профил на „Х“ објави видео од авионот, кој вчера се урна во Казахстан, на кој се слуша гласот на стјуардесата Хокума Алиева (33) како ги охрабрува патниците додека нејзините колеги се обидуваат да го пренасочат авионот и да го приземјат на безбеден начин.

Во описот на видеото се наведува дека снимката е објавена за „никогаш да не биде заборавен гласот на Хокума, која служела професионално“.

„Гласот на Хокума Алиева, која професионално служеше до последната минута од трагичната авионска несреќа, нема да биде заборавен, уверувајќи ги патниците дека „се ќе биде во ред““, се наведува во описот.

Мајката на загинатата стјуардеса Камала Алијева вели дека Хокума и претходно за малку ќе доживеала авионска несреќа.

– Работеше за Азербејџан Ерлајнс од 2016 година: Хокума беше весела личност. Посетуваше многу земји и секогаш ни велеше да се гордееме со неа. Еднаш, по враќањето од патување, рече дека нивниот авион за малку ќе се урнел… Овој пат дошло до несреќа, а ќерка ми не преживеа- изјавила Камала.

ИЗДВОЕНИ