До кога работниците ќе чекаат зголемување на платите, прашуваат од ССМ?

28

Претставници на Сојузот на синдикати (ССМ) попладнево се на состанок во Влада. Првиот синдикалец, Слободан Трендафилов соопшти дека денеска добиле повик од Владата за да одржат состанок во 12 часот и како што рече, ќе ја праша Владата до кога работниците ќе чекаат зголемување на плати.

Тој информираше дека нема информација за што точно ќе се зборува на состанокот.

– Добивме повик од Владата дека треба да одржиме состанок во 12 часот. ССМ дојде денеска да ја праша Владата до кога работниците ќе чекаат зголемување на платите. Гледам дека и колеги од други синдикати ќе присуствуваат на Владата, кои избегаа од пред камери. Да и укажеме на Владата дека ако не се зголемат платите, ќе треба голем број работници да проживуваат на минималец. После средбата веројатно ќе имаме повеќе информации – рече Трендафилов.

ИЗДВОЕНИ