Општина Гази Баба и годинава доделува субвенции на граѓаните за стерилизација на домашни миленици. За таа цел објавен е јавен повик. Оттаму информираат дека трошоците на граѓаните ќе бидат 100% надоместени, но не повеќе од 6.000 денари.
– Ова е уште една мерка која ја реализираме како одговорна локална самоуправа во насока на системско решавање на проблемот со бездомните миленици на долг рок. Придобивките од стерилизацијата на милениците се многубројни и подеднакво важни како за здравјето на миленикот така и за околината. Стерилизацијата е најдобро решение за контрола и намалување на популацијата на бездомни животни, а истовремено се намалува и нивната агресивност – истакна градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски.