До 5 април редуцирано парно греење 

74

ЕСМ Снабдување со топлина извести дека согласно со најавените ограничување на испораката на природен гас од дистрибутерот „Номагас“, во периодот од 1 до 5 април годинава ќе има незначителни редукции на испораката на топлинска енергија.

– Очекуваме дека овие редукции нема значително да влијаат на комфорот на потрошувачите, односно нема да има намалување на температурите во становите од 20+1 Целзиусови степени. Причина за ограничувањето на преземањето на природен гас од Бугарија кон Македонија, како што извести „Номагас“, е изведувањето ремонтни зафати во текот на грејниот период, на транспортните системи за пренос на природен гас на земјите од Југоисточна Европа и гасоводот Турски тек – велат од ЕСМ.

За дополнителни информации, потрошувачите можат да се јават во Центарот за грижа за потрошувачи, на телефонските броеви (02) 3076 200 и 075 400 100.

ИЗДВОЕНИ