ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје денеска почнува акција за отплата на долговите без пресметка на камата за задоцнето плаќање, која ќе заврши заклучно со 2.4.2025 година.
Акцијата се однесува на сите корисници што имаат заостанат долг за потрошена вода (тужен и редовен), но не важи за органите на државната и на локалната власт и за другите државни органи основани согласно со Уставот и со закон и институциите што вршат дејности од јавен интерес утврден со закон, а организирани како агенции, фондови, јавни установи и јавни претпријатија основани од Република Македонија или од општините, од Градот Скопје, како и од општините во Градот Скопје.
– По истекувањето на овој период, одлуката престанува да важи – велат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.