Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство распиша Јавен повик за Мерката 112 – „Помош на млади земјоделци за започнување на земјоделска дејност“. Како што објасни министерот Цветан Трипуновски, јавниот повик е наменет за млади земјоделци на возраст од 18 до 40 години, кои што за првпат започнуваат со земјоделска активност, преземаат постоечко или воспоставуваат ново земјоделско стопанство и се запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства во последните 18 месеци.

– Максималната финансиска поддршка по корисник за Мерка 112 изнесува 600.000 денари, односно 100% од направените трошоци. Крајниот рок за доставување на барањата е 9.5.2025 година. Заедно работиме да го вратиме македонското земјоделство и повторно да биде едно од најзначајните гранки – вели Трипуновски.

ИЗДВОЕНИ