„ДНК“ загуби седум члена на бендот: И Буцо Битбокс и тонецот Игор Велков меѓу загинатите во трагедијата во кочанската дискотека

1273

Меѓу настраданите во несреќата во дискотеката во Кочани се и Мартин Атанасовски, попознат како Буцо Битбокс и Игор Велков, тонецот на групата „ДНК“

Буцо Битбокс беше еден од најпознатите битбоксери во Македонија и честопати настапуваше со групата „ДНК“.

Досега меѓу починатите се пејачот Андреј Ѓорѓиески, музичарот Филип Стевковски, гитаристот Андреј Коларов, тапанарот Ѓорѓи Ѓорѓиев, придружниот вокал Сара Пројковска, тонецот Игор Велков и бит-боксерот Мартин Атанасовски – Буцо.

Владимир Блажевски Панчо од ДНК е хоспитализиран со изгореници и е надвор од животна опасност. Ана Костадиновска, која исто така пее придружни вокали за „ДНК“ е на домашно лекување.

ИЗДВОЕНИ