Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека Русија верува во себе, а за да се зборува за доверба во Соединетите Американски Држави (САД), „мора да се помине долг пат“.
„Треба да развиеме мерки за враќање и зајакнување на меѓусебната доверба“, изјави Песков за новинарите, пренесе агенцијата РИА.
Тој посочи дека американските лидери покажале политичка волја да го обноват дијалогот со Русија, кој беше сведен „практично на нула“ за време на претходната администрација.