ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ во Скопје го одложува настанот „Ден на пијаното“, со ревијални концерти, предавање и работилница кои требаа да се одржат на 20, 24 и 25 март.

Предавањето на тема „Добро темпериран клавир“ од Ј.С. Бах и работилницата – прелудиуми и фуги од ДТК, Ј.С.Бах, требаше да се одржи со проф. д-р Милица Шкариќ.

„Музиката ќе ѝ отстапи место на тишината, ‘Ден на пијаното’ ќе биде одложен

поради големата трагедија што се случи во Кочани, која сите премногу нè вознемири, натежна над нас и ни нанесе голема болка, музиката ќе отстапи место на тишината“, велат од ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“.

 

ИЗДВОЕНИ