Новак Ѓоковиќ беше гостин во емисијата „Патот на шампионите“ на Радио- телевизија Србија, каде што зборуваше за голем број интересни теми, а меѓу нив и за Олимпиското село.

  • Секој олимпиец треба да биде барем еднаш во Селото. Го направив тоа во Пекинг, во 2008 година. Сега решив да бидам надвор за да бидам смирен и концентриран. Имам некои рутини што ми помагаат да одам по медалот. Сакав да одам во кантината и во вежбалницата на Олимписките игри, но таму имаше многу спортисти, па морав да се свртам и да заминам. Најдобриот дел беше кога стигнав до нашата мисија. Разговарав со многумина. Тоа се посебна атмосфера и заедница. Таму сте како тим, семејство. Споделувате заеднички простории, се бодрите… Телевизиите секогаш ги следат нашите спортисти за да бидеме во тек со случувањата. Сите од нашата мисија по медалот ми дадоа емоции, кои ќе ги паметам до крајот на мојот живот. Најмногу се радував да одам во Селото. Добивав голема поддршка од сите, не знам како да им се оддолжам. Повеќето од нив сè уште беа во конкуренција. Некои дури имаа натпревар рано изутрина. Сите се радувавме, отворивме шампањ – изјави Новак во емисијата „Патот на шампионот“ на Радио-телевизија на Србија.