Првиот рекет во светот, Новак Ѓоковиќ, нема трофеј од почетокот на сезоната, па многумина веруваат дека Србинот ќе остане со празни раце кога е во прашање најпосакуваниот пехар, оној олимпискиот, кој ќе има шанса да го „лови“ во Париз. Тоа воедно е единствениот трофеј кој му недостига во неговата богата колекција, бидејќи своевремено освои се што можеше да се освои.
Меѓутоа, еден стручњак има верба дека Ѓоковиќ наскоро ќе се врати во форма. Имено, поранешниот тренер на Серена Вилијамс, Рик Мачи, е убеден дека најдобриот тенисер во светот и понатаму ќе биде значаен фактор кога се во прашање најголемите титули.
- Не, ова во никој случај не е крај на доминацијата на Новак, тој можеби не е доминантен како порано, бидејќи минатата година освои три од четири Грен слем титули, а на Вимблдон загуби од Алкараз во пет сета, освојувајќи го првиот со 6:1, започна Мачи.
Познатиот експерт вели дека сега ситуацијата е нешто поинаква.
- Дали Новак ќе го направи тоа што го имаше во 2023 година? Не верувам. Дали ќе биде доминантен? Не. Дали сепак може да биде еден од најдобрите во светот? Да. Дали сè уште ќе освојува грен-слемови? Апсолутно. Луѓето не разбираат дека тој што го прави тоа на 36 години е без преседан. Тој сè уште доминира до одреден степен. Никогаш не сме виделе такво нешто на таа возраст, додаде Рик.
На крајот проговори и за новата генерација шампиони.
- Затоа Новак е ГОАТ. Сепак, на крајот на денот, годините не можат да се победат. Имате нов шериф во градот, тука се Алкарас и Синер. Овие момци знаат дека можат да го победат, но засега Новак не оди никаде и сè уште го гледам како освојува неколку грен-слема пред конечно да каже, сега сè е готово, заклучи Мачи.