Од скопската Зоолошка градина информираат дека еден од волците, (мажјак), роден во 2010 година, во длабока старост, пројавил симптоми на потешко движење поради возраста.

Оттаму додаваат дека веднаш бил однесен на Факултетот за ветеринарна медицина каде му бил извршен целосен преглед со најсовремена опрема, при што му била дијагностицирана дисплазија на колковите.

-Лекувањето го продолжуваме заедно со професорите и докторите од факултетот со кои имаме одлична соработка – нагласуваат од Зоолошката градина

 

ИЗДВОЕНИ