Дисциплинска постапка против полицаец, а кривична за неговиот син – ја злоупотребил службената легитимација на таткото во инцидент кај скопската обиколница

117

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи поведе дисциплинска постапка за нарушување на работниот ред и дисциплина против полицискиот службеник чија службена легитимација беше злоупотребена од неговиот син во инцидентот на скопската обиколница.

Како што информираат од МВР, Одделот за внатрешна контрола констатирал дека полицискиот службеник И.А.Х., дозволувајќи неговата службена легитимација да биде употребена за лични цели од неговиот син, постапил спротивно на законските и подзаконските акти на Министерството за внатрешни работи.

Против синот на полицискиот службеник, СВР Скопје во соработка со јавен обвинител ќе поднесе кривична пријава по член 386 – „насилство“ од Кривичниот законик.

ИЗДВОЕНИ