Францускиот интернационалец, Аксел Дисаси, е последна зимска аквизиција на англискиот премиерлигаш Астон Вила. Централниот дефанзивец се пресели во Бримингем како позајмен фудбалер од редовите на лондонскиот премиерлигаш Челзи. За 6-месечната позајмица Астон Вила ќе одвои 5 мил. евра и ќе мора до крајот на сезоната да ја покрие платата на Французинот.