Легендарниот кошаркар на Далас, Дирк Новицки, проговори за одлуката на раководството на клубот да го размени Лука Дончиќ во редовите на Лос Анџелес лејкерс. По размената, Германецот присуствуваше на првиот натпревар на словенечкиот играч во дресот на „езерџиите“.

  • Секогаш ќе бидам дел од Мавс. Но, оваа размена навистина болеше. И ќе треба време за да се прифати сето тоа и за да продолжиме понатаму. Бев шокиран. Тоа е добар збор да се опише мојата реакција. Бевме на семејно патување, поминавме долго време во Европа, а потоа патувавме малку низ Азија. На крајот од патувањето, бевме на Малдивите. Тоа беше на последниот ден. Седев во собата и се подготвував да ги пакувам работите. Одеднаш телефонот ми експлодира од повици и пораки од целиот свет. Веднаш влегов на „Твитер“, ги прочитав вестите и на почетокот бев во шок – изјави Новицки.

ИЗДВОЕНИ