Директорот на Гимназијата „Јован Јовановиќ Змај“ во Нови Сад, Радивоје Стојковиќ денеска одржа час на само тројца ученици, додека останатите стоеја пред училниците и извикуваа „Учениците не клечат!“.
Тие алудираа на тоа дека за време на декемвриската блокада на таа гимназија, организирана од Пленумот на матуранти, директорот со часови клечеше во дворот, јави Бета.
На 9 јануари, матурантите од Гимназијата „Јован Јовановиќ Змај“ ставија крај на блокадата на таа училишна институција која траеше од 16 декември.
Direktor Jovine gimnazije Radivoje Stojković drži čas. U učionici troje učenika, ostali ispred skandiraju “đaci ne kleče”. pic.twitter.com/L4kJxW9BwC
— Autonomija Info (@autonomijandnv) January 20, 2025
Тие изјавија дека ја прекинале блокадата бидејќи се исполнети сите нивни барања, освен извинување од директорот на гимназијата Радивоје Стојковиќ, за кој рекоа дека „не е релевантен“ за нив.
Родителите на учениците од таа гимназија поднесоа официјално барање до Министерството за образование и до Покраинскиот секретаријат за образование за разрешување на директорот на училиштето, Радивоје Стојковиќ.