Директорот на ФБИ, Кристофер Вреј, пред вработените во бирото во средата изјави дека ќе поднесе оставка до крајот на администрацијата на Бајден следниот месец, објави Ен-би-си њуз.
Објавата на Вреј го отвора патот новоизбраниот претседател Доналд Трамп, да назначи нов директор задолжен за Федералното истражно биро.
Во ноември, Трамп ја објави својата намера да го номинира Деј Кеш Пател за директор на ФБИ.