“Мојот живот е Швајцарија“ посветен на девојка која го оставила!
Популарниот пејач од Босна, Дино Мерлин (вистинското име му е Един Дервиш-Халидовиќ), не секогаш беше вака популарен и омилен. Животот воопшто не го галел, а долги години немаше успеси на естрадата. Од тоа несреќно време носи големи лузни. Тие животни приказни Мерлин ги претвори во хитови. Така, во еден период од животот завршил во психијатриска установа во Германија, кога во четири ѕида ја напишал нумерата „Ја потпуно трезан умирем“. Тогаш настана и неговиот најголем музички хит „Мој је живот Швицарска“.
Всушност приказната за Швајцарија е потполно вистинска. Мерлин доживеал несреќна љубов кога неговата девојка го оставила поради пари.
Како многу млад (се гледа и на фотографијата), Мерлин имал искрена љубов од негова страна со девојката која всушност дознава дека се однесувала како некоја „спонзоруша“. Тој тогаш бил финансиски сиромашен и не можел да ѝ ги исполнува желбите. Девојката сакала да летува во Монте Карло, да појадува во Венеција, да купува најскапа гардероба… Таа безобразно го оставила Дино и заминала со мошне богато момче да живее во Швајцарија.
Откако Мерлин во меѓувреме се прослави на естрадата и се стекна со голема популарност и со многу пари, девојката се врати кај него во Сараево. Меѓутоа тој ја откачи, велејќи и дека не треба да го сака само поради парите, туку поради неговата личност и неговиот чесен карактер. Д.М.