Најтрофејниот фудбалски клуб во Хрватска, тимот на Динамо Загреб, изрази длабоко сочувство до семејството на Андреј Лазаров, кој почина од трагедијата во Кочани, како и до сите лица кои загинаа во дискотеката „Пулс“.
- ГНК Динамо (З) изразува длабоко сочувство до семејството на Андреј Лазаров, неговите пријатели, поранешниот клуб ХНК Горица и сите погодени од оваа голема трагедија. Веста за прераната загуба на млад фудбалер ја потресе фудбалската јавност, а нашите мисли се со сите кои тагуваат по него. Исто така, упатуваме сочувство до семејствата и најблиските на сите загинати во оваа катастрофа во Северна Македонија. Во овие тешки моменти Динамо (З) стои покрај оние кои ги загубија своите најблиски. Почивај во мир, се вели во соопштението на Динамо Загреб, тим во кој настапуваат македонските фудбалери и поранешни репрезентативци, Стефан Ристовски и Аријан Адеми.