По само неколку минути игра во последната четвртина од дуелот против Литванија, се повреди нашиот најдобар играч, Ненад Димитријевиќ, кој мораше да го напушти паркетот во момент кога се кршеше резултатот.
- Ова беше битка, мислам дека одигравме многу добро прво полувреме. Во второто полувреме имавме многу повеќе проблеми со контролата на скокот, знаеја како да го искористат тоа. Беа подобри во второто полувреме и заслужено славеа. Ние се боревме 40 минути и дадовме сè од себе. Му честитаме на противникот. Дадов 43 поени, тоа е добро, но не значи ништо кога го загубивме натпреварот. Што се однесува до повредата, мислам дека беше само силен грч и дека сè ќе биде во ред, набрзо – изјави Димитријевиќ.
Nenad Dimitrijevic with an INSANE 43 PTS performance against Lithuania #EuroBasket | #MakeYourMark pic.twitter.com/ExiBV121jX
— FIBA EuroBasket (@EuroBasket) November 24, 2024