Ставот на ЗНАМ е дека секој, не само Таравари или било која политичка партија која има отворена или затворена комуникација со нереформираната ДУИ и директна или индиректна соработка за нас како политички субјект е неприфатлив да биде составен дел на владиното мнозинство, рече вечерва претседателот на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија Максим Димитриевски во вечерашната емисија „Само вистина“ на Канал 5.
Во политиката не може да седите на две столчиња, или можете да соработувате со власта и да се залагате за нејзините програми и политики или да соработувате со опозицијата и да станете опозиција, додаде тој.