epa11533196 Dika Mem (C) of France in action against Sebastian Heymann (L) and Julian Koester (R) of Germany during the quarter - final game between Germany and France of the Handball competitions in the Paris 2024 Olympic Games, at the Pierre Mauroy Stadium in Villeneuve-d'Ascq, France, 07 August, 2024. EPA-EFE/ALEX PLAVEVSKI

Докторскиот тим на каталонскиот ракометен гигант Барселона, му даде дозвола на капитенот на француската репрезентација Дика Мем да настапи на Светското првенство што почнува следната недела и за првпат ќе биде организирано во три држави, Хрватска, Данска и Норвешка.

Десниот бек на Барса се повреди во ноември минатата година, го дислоцираше десното, рамо и докторите воопшто не беа оптимисти околу неговото враќање на терен. Тој беше опериран на 20 ноември и предивдената пауза беше два до два до три месеци. Но, Мем успеа да се врати малку побрзо од очекуваното и ќе биде во составот на „триколорите.“

Барса потврди дека Дика Мем има зелено светло, но останува фактот дека речиси два месеца нема играно ракомет и директно ќе излезе на жешка сцена. Франција во главната фаза ќе биде противник на Македонија во Вараждин, доколку се оди според планот во Прелиминарниот дел од првенството.

 

 

ИЗДВОЕНИ