Дијана им оставила аманет на синовите: Меган Маркл наследи нејзин накит вреден 786.000 евра

1352

Меган Маркл никогаш не ја запознала принцезата Дијана, но благодарение на бракот со принцот Хари ја наследи нејзината вредна колекција на накит, проценета на повеќе од 786.000 евра.

Колекцијата вклучува дијамантски ѓердани, белегзии и обетки кои Дијана им оставила во аманет на своите синови да им ги подарат на нивните сопруги.

Принцезата Дијана во порака напишала дека сака нејзиниот накит да биде поделен меѓу нејзините синови за еден ден да им го дадат на своите сопруги.

Меган неколку пати е видена со парчиња кои и припаѓале на Дијана, а најпознат е вереничкиот прстен кој го добила од Хари.

Прстенот има главен дијамант од 10 карати, со два помали дијаманти, кои ги прилагодил на вкусот на неговата тогашна свршеница.

Сепак, најомилениот накит што Меган го наследи од Дијана е белегзијата Картие, која првично вредеше повеќе од 21.000 евра.

Меган ја носеше оваа белегзија на нејзината свадба, за време на интервјуто со Опра Винфри и на гала прослави.