Актуелниот шампион на Турција, тимот на Галатасарај, најверојатно ќе биде следната дестинација на аргентинскиот интернационалец од редовите на италијанскиот калчолигаш Рома, Пауло Дибала. Крилниот напаѓач има договор со римската „волчица“ до крајот на актуелната сезона и затоа неговиот агент веќе е во Истанбул каде што преговара и ја договара годишната плата за неговиот клиент.