
Моментално најпознатиот клуб во американската МЛС лига, Интер Мајами, се обидува да ги осигура услугите на аргентинскиот интернационалец од редовите на португалскиот гигант Бенфика, Анхел ди Марија. Неофицијално, крилниот напаѓач е сериозно заинтересиран за преселба „преку барата“ затоа што многу сака да игра покрај репрезентативниот колега, Лионел Меси.