Џулијан Асанж му оддаде последна почит на папата Франциск во Рим, оној што многу му помогна во најтешките моменти

222
Фото:принскрин Х
Основачот на Викиликс Џулијан Асанж се појави денеска заедно со својата сопруга Стела на испраќањето на папата Франциск во Ватикан.

Новинарот и активист беше на плоштадот „Свети Петар“ со сопругата и двете деца, пренесе британски Телеграф.

Папата Франциск се сретна со Стела во 2023 година. Правната битка на Асанж која траеше 14 месеци за да не биде екстрадиран во САД од Велика Британија.

Таа тогаш кажа дека папата му пишал на Асанж во 2021 година.

„Ни пружи голема утена и неизмерно сме му благодарни“, раскажа таа во таа пригода.

Од 2010 година „Викилкс“, меѓу останатото, објавуваше тајни материјали на информаторката Челси Менинг за американските воени операции во Ирак и Авганистан.

Иако САД го обвинија по повеќе точки, поддржувачите на Асанж го сметаат за храбар новинар кој разоткрил воени злосторства.

Асанж се засолни во еквадорската амбасада во Лондон седум години, а во 2019 година беше уапсен за екстрадиција.

Сепак, тој беше ослободен кон крајот на јуни 2024 година како дел од договорот со Министерството за правда на САД, по што се врати во својата татковина, Австралија, пренесува Танјуг.

 

ИЗДВОЕНИ