epa09491135 Anthony Joshua of Britain in action against Oleksandr Usyk (R) of Ukraine during their heavyweight title match at Tottenham Hotspur Stadium in London, Britain, 25 September 2021. EPA-EFE/NEIL HALL

Пред неколку дена поранешниот боксер Дејвид Прајс, изјави дека го поддржува Ентони Џошуа во неговиот нов поход кон врвот во тешка категорија.

„Има уште добри борби за него. Зошто не би продолжил да се бори ако е здрав и во добра форма? Обожава да се натпреварува, и треба да биде гладен за успех за да продолжи да се бори“, изјави Дејвид Прајс.

Промоторот на Џошуа, Еди Херн неодамна изјави дека на Еј Џеј не му недостигаат противници. Доколку Тајсон Фјури остане на својата одлука и не се врати во рингот, тогаш неговата ѕвезда ќе продолжи понатаму.

Меѓу можните противници на Еј Џеј се Мартин Баколе, Дилиен Вајт, Дионтеј Вајлдер, Жилеј Жанг, Агит Кабајел, Даниел Дубоа и Џозеф Паркер.

„Џошуа е секогаш дел од елитната тешка категорија. Многумина се разочарани, но Џошуа и понатаму е големо име во боксерскиот свет. Може да боксира против секого, ние можеме да го избереме противникот“, рече Еди Херн и продолжи:

„Но Еј Џеј ќе го направи она што отсекогаш го правел во кариерата, а тоа е да ги преземе најголемите предизвици“.

Џошуа (35) треба да се врати во рингот ова лето по тешкиот пораз во септември минатата година кога загуби од Даниел Дубоа со брутален нокаут на преполниот Вембли во меч за шампионскиот појас на ИБФ во тешка категорија.

„Сè уште не сме разговарале за следната борба на Ентони, но можам да откријам дека наскоро тргнуваме и никого не отпишуваме. Ако Фјури сака да се бори со Џошуа, тогаш треба наскоро да се премисли. Џошуа сака да има две борби оваа година, едната во текот на летото, а другата на крајот на годината“, истакна Еди Херн.

ИЗДВОЕНИ