Новата сезона во Формула 1 ќе започне со трката за Големата награда на Австралија на 16 март, а пред неа атмосферата веќе се вжешти со вербалната расправија меѓу двете ѕвезди. Станува збор за судир меѓу британскиот надежен возач на Мерцедес, Џорџ Расел, и четирикратниот шампион од Ред Бул, Холанѓанецот Макс Верстапен.
Двајцата се судрија на крајот од минатата сезона на Големата награда на Катар, откако Верстапен беше казнет поради попречување на Расел. После тоа, Верстапен рече дека „загубил секаква почит“ кон Британецот.
Верстапен беше обвинет дека намерно возел бавно за да го спречи Расел. Тоа го чинеше неколку позиции во квалификациите.
- Немам намера да зборувам со него, да бидам искрен. Не ме интересира, сакам да се фокусирам на себе. Работите излегоа од контрола минатата година. Тоа беше тогаш. Нема да бидеме најдобри пријатели, тоа е сигурно, истакна Расел.