Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, изјави дека постои оптимизам кај германскиот тим околу промените на болидот за претстојната сезона, додавајќи дека е подготвен да се бори за шампионската титула во Формула 1.
- Имаше многу нешта… Не би рекол директни промени од минатата сезона до оваа сезона, тоа се работи што се работеа долго време, работи што не можевме да ги ставиме на болидот во 2024 година, но работевме на нив долго време. Оптимисти сме дека тоа ќе биде добар чекор во вистинската насока. Се разбира, никогаш не знаеш што направил твојот ривал. Се чувствувам подготвен, сите во тимот се многу мотивирани. Чувствувам дека во овие години имаше обиди и грешки, но секогаш кога имавме шанса да победиме, победувавме. Тоа ми дава оптимизам дека ако го имаме болидот, можеме да дојдеме до титулата во Ф1, изјави 26-годишниот британски возач.